четврток, 12 ноември 2026
Најново

Зеленски денеска во посета на Грција – грчката полиција забрани протести во Атина

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска е во посета на Атина, ќе се сретне со претседателот на Грција Константинос Тасулас, со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, како и со претседателот на парламентот Никтас Какламанис, а се очекува природниот гас и енергетиката да бидат во фокусот на средбите, додека пак со одлука на полицијата, во текот на денешниот ден забранети се собири и протести во грчката метропола, јави дописничката на МИА од Атина.

Посетата на Зеленски на Атина, од безбедносни причини, официјално беше соопштена утрово.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Украинскиот претседател преку Икс најави дека во Грција доаѓа за да потпишат договор за увоз на природен гас.

-Денес веќе подготвивме договор со Грција за гас за Украина, што ќе биде уште една рута за снабдување со гас, со цел што е можно повеќе да се обезбедат увозите за зимата, посочи Зеленски.

Од грчката полиција соопштија дека поради посетата на претседателот на Украина на Атина од 6 часот утрово до 22:00 забранети се собири и протести во центарот на градот како и во неколку атински населби.

Зеленски последен пат во Атина беше при крајот на август 2023 година, кога грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис организираше неформална вечера за лидерите од регионот по повод 20-годишнината од Солунската агенда за ЕУ интеграција на земјите од Западен Балкан, а беше поканет и претседателот на Украина.

Поврзани вести