Зеленски за хеликоптерската несреќа: Страшна трагедија, беше темно утро

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја опиша хеликоптерската несреќа утрово во Бровари, во која загина целото раководство на Министерството за внатрешни работи на Украина, предводено од министерот Денис Монастерски, како „страшна трагедија“ и „темно утро“.

Во објава на својот канал Телеграм, Зеленски напиша: „Денес се случи страшна трагедија во Бровари во регионот на Киев. Се урна хеликоптер на државната итна помош и на местото на несреќата избувна пожар“, пренесува Телеграфи.

„Точниот број на жртви на оваа трагедија се уште се утврдува. Меѓу жртвите се министерот за внатрешни работи Денис Монастирски, неговиот прв заменик Јевхен Џенин, државниот секретар Јури Лубковчи, нивните помошници и екипажот на хеликоптерот. Повредени се 25 лица, меѓу кои и три деца. Според достапните информации, три деца загинале. Болката е неопислива. Хеликоптерот падна недалеку од градинката“, рече Зеленски.

„Им наредив на безбедносните служби на Украина да ги истражат околностите за тоа што се случи во соработка со полицијата и другите надлежни органи. Сите служби се на местото на трагедијата и си ја вршат својата работа“, напиша украинскиот претседател.

„Изразувам сочувство до семејствата и пријателите на жртвите. Денис, Евхен, Јуриј, тимот на Министерството за внатрешни работи… вистински украински патриоти. Нека почиваат во мир. Посакувам сите кои загинаа во темнината утрово да почиваат во мир“, рече Зеленски. 


Пронајдете не на следниве мрежи: