четврток, 12 ноември 2026
Најново

Зеленски официјално го смени командантот на здружените сили на украинската војска

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателот на Украина Володимир Зеленски вчера официјално го разрешил бригадниот генерал Андриј Хњатов од функцијата командант на здружените сили на Вооружените сили на Украина, јавува „Киев Индепендент“.

Хњатов на оваа функција е од 26 јуни 2024 година, кога го замени Јуриј Содол, пишува Киев Индипендент.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Кон крајот на јануари, Зеленски објави дека Хњатов ќе биде испратен во Генералштабот како заменик-началник, велејќи дека „неговата задача е ново ниво на обука на оперативниот штаб и повисок квалитет на интеракција меѓу штабот и фронтот“.

„Разговаравме за овие и за некои други промени со врховниот командант Олександар Сирски“, рече тогаш украинскиот претседател, додавајќи дека „задачите се поставени на сите нивоа“.

Додека служел како командант на здружените сили, Гњатов бил и командант на оперативно-стратешката група „Хортиција“.

Кога во јануари објави дека Гњатов ќе биде префрлен во Генералштабот, Зеленски го назначи генерал-мајор Михаило Драпати, командант на копнените сили на Украина, да раководи со оперативно-стратешката група.

Гњатов претходно беше заменик-командант на Јужната оперативна команда.

Поврзани вести