четврток, 12 ноември 2026
Најново

Зеленски потврди: Роман Абрамович посредува во контактите меѓу Киев и Москва

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека рускиот милијардер Роман Абрамович имал улога на посредник во контактите меѓу Киев и Москва поврзани со можни мировни преговори.

Во интервју за Скај њуз, Зеленски изјави дека Абрамович се сретнал со него во Киев и понудил директно да му пренесе порака на рускиот претседател Владимир Путин.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Му реков дека нема да си заминеме и нема да се повлечеме од нашата територија. Нема да ви дозволиме победа на тој начин“, изјавил Зеленски, мислејќи на Донбас. Тој додал дека преку Абрамович му порачал на Путин дека е подготвен за средба „во секое време и на која било локација“, освен во Русија или Белорусија. Според „Фајненшл тајмс“, средбата меѓу Зеленски и Абрамович се одржала кон крајот на мај.

Поврзани вести