Украинскиот претседател Володимир Зеленски до украинскиот парламент поднесе предлог за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација за уште 90 дена.
Украинскиот парламент претходно ја продолжи вонредната состојба и мобилизацијата од мај до 18 август.
Пратеникот Јарослав Железњак потврди дека Парламентот планира да го поддржи предлогот на Зеленски и да ги продолжи мерките до 15 ноември годинава.
Зеленски првпат прогласи вонредна состојба на 24 февруари минатата година, денот кога Русија ја почна инвазијата врз Украина.
Вонредната состојба значи дека Украинците на возраст меѓу 18 и 60 години, со некои исклучоци, не смеат да ја напуштат земјата бидејќи би можеле да бидат повикани на воена служба.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.