четврток, 12 ноември 2026
Најново

Зеленски се храни од мртвите тела на војниците, рече Маск со „моторна пила за бирократијата“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Милијардерот Илон Маск ја засили својата критика кон украинскиот претседател Володимир Зеленски, поддржувајќи ги нападите на американскиот претседател Доналд Трамп врз него на Конзервативната политичка конференција (CPAC).

Извршниот директор на Тесла ја доведе во прашање смислата на војната во Украина и ја повтори тезата на Трамп дека Зеленски треба да организира избори.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

– Толку многу луѓе умираат во ровови. За што? Ќе ви кажам за што – за најголемата корупциска машина што сум ја видел во животот, изјави Маск.

Претходно, во објава на Икс , Маск тврдеше дека Зеленски е „омразен“ од Украинците и дека „се храни од мртвите тела на своите војници“. „Претседателот Трамп е во право што го игнорира и бара мир без Зеленски“, додаде Маск.

На конференцијата, аргентинскиот претседател Хавиер Милеј му подари моторна пила, симбол на неговата политика за радикално кратење на државните трошоци.

„Ова е моторна пила за бирократијата“, прокоментира Маск, држејќи го подарокот.

Поврзани вести