четврток, 12 ноември 2026
Најново

Зеленски со велигденска честитка: Не се откажувај, мирот ќе се врати во нашата земја (видео)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Украинците на Велигден да не се откажат од надежта дека мирот ќе се врати во нивната земја и да истраат да ги надминат тешкотиите од војната со која се соочуваат веќе 1.152 дена. Облечен во сива традиционална украинска извезена кошула и стоејќи пред главната црква во Киев, катедралата Света Софија, Зеленски во видео на социјалните мрежи рече дека Украина никогаш не ја губи вербата.„Затоа што оваа вера е во секој од нас“, рече Зеленски. „Во оние што стојат покрај вас. Кај Украинците, кај Украинките. Верата дека злото може да има свој час, но Бог ќе го има својот ден“.

Рускиот претседател Владимир Путин во саботата објави изненадувачки еднодневен прекин на огнот во Украина за Велигден, кој оваа година се паѓа на ист ден за православните и западните цркви. Но, Зеленски претходно во неделата рече дека руската војска симулира пауза во непријателствата, продолжувајќи со ноќните обиди да нанесе жртви на фронтот во Украина.„Знаеме што браниме. Знаеме за што се бориме. За кого и поради кого“, рече Зеленски. ,,Ќе дојде денот на животот.”

Поврзани вести