Зеленски ја отфрли руската понуда за разговори во Белорусија

Тој нагласи дека Минск бил соучесник во руската инвазија, но е отворен за преговори на други места кои не покажуваат агресија кон Украина. Украинскиот претседател соопшти дека разговорите во Минск би биле можни, доколку Русија не ја нападна Украина од белоруска територија.

„Варшава, Братислава, Будимпешта, Истанбул, Баку. Ги предложивме сите“, рече тој во онлајн обраќање.
Кремљ денеска соопшти дека руската делегација е подготвена да се сретне со украинските претставници во белорускиот град Гомел.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.