300 г исчистен спанаќ
300 г цветови брокула
1 главица кромид
1 чешне лук
1 врзоп магдонос
1 корен од целер
1 компир
2 лажици масло
сол и мелен црн пипер
Во тенџере со загреаното масло издинстајте ги исечканиот кромид и целер, па додадете ги исечканиот спанаќ и цветовите брокула. Налејте вода и варете околу 30 минути. Измиксајте го зеленчукот, посолете, зачинете со мелен црн пипер и наросете го исечканиот магдонос.