Зеленчукова тава со моцарела

Едноставно вкусно и лесно јадење подготвено од сезонски зеленчук.

Потребни состојки:

1 главица кромид

2 моркови

1 зелена пиперка

1 тиквичка

1 модар патлиџан

5 бамји

2 компири

1 домат

Додатоци

200 гр моцарела

зачини/ сол,коцка говедска супа,мешан зачин,буковец,ловоро лист(се според вкусот)

Подготовка:

Сите зеленчуци ги сечеме на коцки.

Во длабока тава го запржуваме кромидот заедно со морковот. Ја додаваме пиперката,па сите останати зеленчуци според напишаниот редослед.

Се убаво заедно пржиме додека не омекнат зеленчуцитe.

Зачинуваме според вкусот, додаваме околу 300мл вода и оставаме се заедно да се динста околу 20 минути.

Ставаме во земјена тава ја уклучуваме рерната на 200 степени и печеме околу 45 минути.

После поминатото време ја вадиме тавата и ја распоредуваме моцарелата и враќаме да се допече уште околу 10 минути.
На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.