ЗЕЛEНСКИ БЕСЕН ПОРАДИ ОДБИВАЊЕТО НА ПУТИН ДА СЕ СРЕТНАТ: Русија повторно избира војна, многумина во светот се разочарани! (ВИДЕО)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека одговорот на рускиот претседател Владимир Путин на неговото отворено писмо, во кое тој повика на директна средба, значи дека Русија повторно избира војна.

Зеленски во своето вечерно обраќање рече дека Путин „едноставно не сака да ја заврши војната“, објави Укринформ.

„Мислам дека многу луѓе во светот се разочарани од овој одговор. Тој не сака ништо да промени и не сака да признае дека само нему и на оние што црпат пари од него им се допаѓа неговата војна“, рече Зеленски.

Тој најави дека украинската страна подготвува состаноци со европските партнери кои би можеле да бидат корисни, како и со американската страна.

„Знаеме дека Европејците подготвуваат нови чекори во поддршка на Украина“, рече Зеленаки.

Путин денес, коментирајќи го отвореното писмо што му го испрати Зеленски, изјави дека во моментов не ја гледа целта на средбата со украинскиот лидер.

Во четврток, Зеленски испрати отворено писмо до Путин и предложи директна средба за ставање крај на војната.

Украинскиот претседател истакна дека таков состанок би можел да се одржи во трети земји кои традиционално се места за меѓународни преговори, особено во Швајцарија, Турција или арапскиот свет.

Во исто време, Зеленски нагласи дека не ја разгледува можноста за одржување преговори во Москва или Киев.
The post ЗЕЛEНСКИ БЕСЕН ПОРАДИ ОДБИВАЊЕТО НА ПУТИН ДА СЕ СРЕТНАТ: Русија повторно избира војна, многумина во светот се разочарани! (ВИДЕО) appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: