ЗЕМЈАТА СЕ ТРЕСЕ: За еден ден ширум планетата регистрирани 968 земјотреси

Во понеделник, 25 март 2024 година, беа забележани дури 986 земјотреси низ планетата Земја, но за среќа, разорни земјотреси не биле регистрирани.

Три земјотреси биле посилни од 5 степени според Рихтеровата скала.

Земјотрес од 5,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран на островот Маквари во Австралија, на длабочина од 10 километри. Вториот е регистриран во Атлантскиот Океан, а третиот во Камчатка, на далечниот исток на Русија, со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала.

Силните земјотреси, како оние во Хаити, Чиле и Кина, како и земјотресите од 7 степени плус во Индонезија и Калифорнија, би можеле да остават впечаток дека земјотресната активност се зголемува. Сепак, брзиот поглед на статистиката за земјотресите во изминатите 20 години покажува дека тоа не е така.

Покрај трите силни земјотреси, регистрирани се и 37 со јачина меѓу 4 и 5 степени според Рихтеровата скала, додека 122 земјотреси биле со јачина од 3 до 4.

За само еден ден имало дури 255 слаби земјотреси на скала од 2 до 3 и над 500 земјотреси со јачина од 2 степени според Рихтеровата скала.

Привременото зголемување или намалување на сеизмичноста е дел од нормалната флуктуација на стапката на земјотресот.

Според долгорочните записи (од околу 1900 година), очекувани се околу 16 големи земјотреси секоја година. Тие вклучуваат 15 земјотреси со јачина од 7 степени и еден земјотрес со јачина од 8 или поголеми.

Годината со најголем вкупен број разорни земјотреси беше 2010 година, со 23 разорни земјотреси со јачина од 7 или повеќе степени според Рихтеровата скала. Во другите години, вкупниот број беше далеку под годишниот долгорочен просек од 16 големи земјотреси.

Пронајдете не на следниве мрежи: