Земјотрес ја стресе Бугарија

Земјотрес со магнитуда од 2,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во регионот на градовите Димитровград и Хасково, Бугарија.

Според податоците од Националниот сеизмолошки центар при Националниот институт за геофизика, геодезија и географија – БАН, настанот се случил денес во 12:35 часот по бугарско време. Епицентарот на земјотресот е на 10 км од градот Хасково, 50 км од градот Асеновград и 200 км од градот Софија. Нема информации за материјална штета.

Пронајдете не на следниве мрежи: