ЗЕТОТ ГО ИСТЕПАЛ ДЕДОТО: Нападнат 81-годишен старец во Скопје

81-годишен скопјанец во полиција пријавил дека бил физички нападнат од неговиот зет. Нападот се случил во неговиот дом на подрачјето на општина Аеродром.

„На 19.04.2024 во 16.34 часот во СВР Скопје, 81-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 16.15 часот во својот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од неговиот зет Н.З. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ – стои во известувањето од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: