Зетот Осама бин Ладен, ликвидираниот лидер на глобалната терористичка мрежа ал Каеда, Сулејман Абу Гејит, еден од најбараните водачи на организацијата од листата на терористи на САД, во четвртокот е обвинет за заговор чија цел била убиства на американски државјани и во петок ќе биде изведен пред судот во Њујорк, објави американското министерство за правосудство.
Инаку Сулејман Абу Гејит се појави покрај Осама бин Ладен и сегашниот лидер и тогашен втор човек Ајман ал-Завахири ден по атентатите од 11-ти септември 2001 година, на којашто во името на Ал Каеда ги предупреди САД дека против нив се формира голема армија, и повика на борба „против Евреите, христијаните и американците”, се потсетува во соопштението што го објави американското министерство за правосудство.
Во него не се наведува под кои услови и каде е уапсен Аби Гејит. Меѓутоа, во четвртокот турскиот весник Hurriyet пишуваше дека Сулејман Абу Гејит, бил уапсен од агентите на американската централна разузнавачка агенција CIA во Јордан и е транспортиран во САД.
Како резултат на заедничката операција на турската разузнавачка служба и CIA, Сулејман Абу Гејит беше уапсен на 2-ри февруари во еден хотел во турската престолнина Анкара. Американските власти имаат намера да го испитаат за вмешаност во активности на терористичка организација Ал Каеда, но Турција одби да го екстрадира Абу Гејит, стравувајќи од одмазда на милитантите.
Турскиот суд го ослободи зетот на Осама бин Ладен, со образложение дека тој во земјата нема сторено никакво кривично дело. Повеќе од еден месец турските власти решаваа каде да го депортираат абу Гејит, кој нема никакво државјанство. Иран, од каде што тој дојде во Турција, одби да го прифати. Било решено Абу Гејит да биде предаден на властите на Кувајт, чиешто државјанство тој го имал претходно.
Агентите на CIA коишто во стапка го следеле зетот на бин Ладен, го уапсиле на 1-ви март во Јордан, а потоа со лет од Кувајт го префрлиле во САД, пишува весникот
Обвинението објавено во четвртокот се наведува дека Абу Гејит бил вмешан „во подготовката и спроведувањето на терористичкиот акт против САД, неговите граѓани, жителите и нивните имоти”.
Макфакс
Зетот Осама бин Ладен, ликвидираниот лидер на глобалната терористичка мрежа ал Каеда, Сулејман Абу Гејит, еден од најбаран