Зимата е создадена за кисела зелка и краставички – Знаете ли зошто?

Дали сте знаеле дека покрај тоа што се вкусни, овие производи се многу здрави? Киселите краставички се сестран поризвод – совршено се комбинираат со риба и месо и се одлични за ручек и вечера.
Солени домати
Покрај јод, магнезиум, калиум, фосвор, калциум, натриум, манган, железо, бакар и цинк, солените домати содржат и ликопен, природен антиоксиданс, кој кога се користи умерено, значително го намалува ризикот од заболувања на панкреасот и простатата и кардиоваскуларниот систем.
Кисела зелка


Ова е една од омилените намирници на многу луѓе, особено во ладната сезона. Киселата зелка вреди да ја сакате поради фактот дека таа е големо складиште со витамини. Поточно, 200 грама кисела зелка содржи дневна потребна доза за витамин Ц – а ова е одличен агенс за зајакнување на имунолошкиот систем.
Исто така содржи големо количество на витамин Б6, кој помага при варење на протеините, па киселата зелка е одличен прилог за месни јадења. Овој прекрасен производ исто така содржи калиум, железо, магнезиум, цинк и влакна, а исто така поволно делува на работата на желудникот, регулирајќи го метаболизамот.
Кисели краставички


Крцкавите кисели краставички и другиот зелен зеленчук содржат антиоксиданти и бактерии кои му се потребни на телото. Во фермантираните краставици има млечна киселина, која помага во намалување на маста во крвотокот, како и подобрување на циркулацијата на крвта, симнување на крвниот притисок и позитивно делува на цревата.
Покрај тоа, киселите краставички се корисни и за женската убавина, бидејќи редовната ферментација на храна го намалува ризикот од кожните проблеми. Освен киселиот зеленчук, не треба да го занемарите ниту расолот, кој содржи здрави минерали и зачини.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.