Зимата и студот допрва доаѓаат

До крајот на денов времето во државава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди кој локално ќе бидат и долги, во текот на ноќта кон утрешниот ден локално ќе има услови за провејување на слаб снег, најавува Славчо Поповски.
На последниот ден од оваа година ќе имаме повеќе облаци, а ќе има и повремени послаби локални врнежи претежно од снег иако на некои од пониските места има услови за дожд и снег. Ќе започне да дува и умерен, на моменти повремено засилен ветер од северен правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 10 степени во крајниот југоисточен дел од државава.
За време на новогодишната ноќ локално ќе има слаби врнежи од снег додека температурите на воздухот ќе се движат во интервалот од -5 до 1 степен.
Сибирски бран нашата држава ќе ја зафати од четврток кога температурите на воздухот ќе се спуштат дури до околу -15 степени, на планинските места и под -15 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.