Доколку само малку го смените начинот на подготовка, засекогаш саканото предјадење на секое семејство ќе добие извонредна верзија.
Задолжително издвојте време за мариниран кромид затоа што тоа ќе ѝ даде дополнителен сласт на оваа салата.
Состојки:
4 варени јајца; 1 јаболко; 2 моркови;
1 конзерва пченка; 1 кромид;
3 лажици мајонез;
2 лажици шеќер;
1 лажица сол;
100 милилитри млака вода;
3 лажици оцет.
Подготовка:
Прво потребно е малку да го измаринирате кромидот, така што прво него ќе го исечете на ситни коцки и ќе го додадете во подготвена маринада од топла вода, оцет, шеќер и сол.
Исто така, пред да почнете со подготовка на салатата неопходно е да ги сварите морковите и јајцата. Кога морковите ќе омекнат, а јајцата ќе се сварат, тогаш исечкајте ги на ситни коцки.