Зијадин Села даде поддршка за францускиот предлог; се намалува коалицискиот капацитет на Мицковски

Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, денес по средбата со премиерот Димитар Ковачевски рече дека тој и неговата партија го поддржуваат францускиот предлог.

Зијадин Села со јасен став:

Патот кон ЕУ оди преку преговори кои треба да се постигнат со земјите на ЕУ. Нема двоумење
Зијадин Села даде поддршка за францускиот предлог; се намалува коалицискиот капацитет на Мицковски

„Патот кон ЕУ оди преку преговори кои треба да се постигнат со земјите на ЕУ. Нема двоумење, Алијанса е важна на овие линии, ние сме главни чинители кои ги почнавме овие промени за да бидеме денес членка на НАТО Алијансата, за да бидеме побезбедни во оваа криза во Украина, затоа и зачленувањето на Македонија во ЕУ има геополитичко значење. Затоа политичарите треба помалку да размислуваат за политички поени, туку да размислуваат за регионот да биде постабилен“, рече Села.

Тој рече дека сега ги разбираат и нив Албанците како им било со албанскиот јазик. „Кога ќе се отвори Уставот, треба да се корегира и да стои албански јазик а не дефиниција „јазик што го зборуваат повеќе 20 отсто од населението“. Добро би било да се третира и ова. Алијанса за Албанците ќе инсистира на ова. Апелирам и ДУИ да се позанимаваат за промена на оваа дефиниција, бидејќи колку што ги сфаќам Македонците сега се работи за нивното достоинство, па треба да имаат и тие разбирање за достоинството на Албанците“, рече Села по средбата со Ковачевски.

За евентуален влез во Владата, Села рече дека немало разговор, но дека Алијанса за Албанците е партија во опозиција и во влада ќе влезе само преку победа на изборите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.