Златев за Коневски: Јавно и нудам на оваа мивка по 100 евра месечно за да може да ја нарекувам како сакам!

Откако во јавноста проструи информација дека Љупчо Златев бил осуден на парична казна од 6000 денари затоа што го нарекол поранешниот градоначалник на Аеродром Ивица Коневски „криминален соработник“, се огласи Златев со следниот статус:

Златев за Коневски: Јавно и нудам на оваа мивка по 100 евра месечно за да може да ја нарекувам како сакам!

„Неколку пријатели ме бараа денеска затоа што се појавила објава дека сум осуден да му платам 6.000 денари оштета на Ивица Коневски затоа што сум го нарекол криминален соработник.

Искрено, со оглед на инфлацијата во земјава, овие 100 евра вредат колку една вечера со пријатели, па задоволството, ова според мое мислење, ништожнно залижано суштество да го наречете криминален соработник е огромно.

Ми беше задоволство да го наречам криминален соработник, оној кој по мое мислење е токму тоа.

Јавно и нудам на оваа мивка, која за 70.000 денари ги лиже сите фекалии кои ги изеде против ВМРО ДПМНЕ да и давам по 100 евра месечно, за да може да ја нарекувам како сакам!

Ќе се откажам од една вечера месечно за да се изживувам врз ова, според мое мислење, криминално суштество кое е лошо за нашата околина“, пишува Златев на фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.