Цената на златото денес на светските пазари се движи околу 3.932 до 4.000 евра за унца(31,1 грам), што претставува релативно стабилно ниво со мали дневни осцилации. Овие вредности се во согласност со пошироките европски пазари, каде цената се движи нешто над 4.000 евра, зависно од моменталниот курс и берзанските услови.
Во доларска противвредност, златото се задржува околу 4.600 долари за унца, што индиректно ја потврдува стабилноста и на европските цени. И покрај привидната стабилност, аналитичарите предупредуваат дека пазарот останува чувствителен. Геополитичките тензии на Блискиот Исток, високите цени на енергенсите и очекувањата за каматните стапки во САД продолжуваат да влијаат врз движењето на благородниот метал.
Златото, традиционално сметано за „сигурно засолниште“, и понатаму се одржува на историски високи нивоа, иако останува под рекордните вредности од почетокот на годината.
Експертите оценуваат дека во наредниот период цената ќе остане волатилна, со можни брзи промени, зависно од глобалните економски и политички случувања.



