Знаете ли дека постои земја без жени?

Сте слушнале ли некогаш за земјата Атос? Тоа е парче земја, долго околу 60км, и се наоѓа во Грција, во Егејското море. Атос е е автономна држава но, под грчки суверенитет. На неа живеат околу 2000 монаси, била формирана како манастирска заедница во 963 година, кога монахот Атанасиј го основал манастирот Голема Лавра, најголемиот и најзначајниот манастир до ден денес.

Таму владеат група на монаси, претставници на 20 манастири колку што и има на Атос. Од 1045 година, монасите забраниле било која жена да стапне на тлото на Атос.
И многу повеќе, не само жените како луѓе туку и сите други животински видови им е забранет пристап. Сепак од неодамна се направени неколку промени , па само на кокошките и на женските мачки им е дозволен пристап.

Монасите кои живеат на Атос се можеби единствените кои во својот живот немаат видено жена. Монахот Михајло Толотос, ја загубил својата мајка кога се родил, и бил земен во манастирот следниот ден. Тој целиот свој живот го поминал на Атос, без да види жена…Сте слушнале ли некогаш за земјата Атос? Тоа е парче земја, долго околу 60км, и се наоѓа во Грција, во Егејското море.

Пронајдете не на следниве мрежи: