Знаете ли зошто е забранет канабисот? Се кладиме дека не ви паднало на памет ова

Канабисот е растение кое му е познато на човекот околу 28илјади години и може да се користи за различни цели – во исхраната, медицината, градежништвото, како гориво и сл. Од канабисот може да се добијат над 50илјади различни производи. „Global media planet“ пишува за некои факти поврзани за употребата и целите на канабисот. Имено, канабисот се користел од многу одамна. Во Чешка република бил пронајден сад со украс од канабис кој е стар 26илјади години. Кинезите го користеле растението за производство на хартија, а во медицината го користеле 2.800 години пред нашата ера. Од канабисот се произведувале облека, книги.
Американската декларација за независност била напишана на хартија од канабис. Канабисот не ја загадува Земјата како пластиката. Облеката од канабисот е речиси неуништлива. Леви Страус во 19-от век ги создал првите фармерки од канабис. Ова растение го чисти земјиштето од отрови. Коренот оди длабоко и со распаѓањето ја храни почвата. Како извор на храна, може да се јаде семето од канабис, кое содржи омега-3 и омега-6. Канабисот бил задолжително растение во 17 и 18 век, особено во Северна Америка. Индустријата на канабисот би можела да се негува насекаде низ светот, со оглед на тоа што растението расте до 3-4 метри годишно. Канабисот е полесен од челикот, а поцврст. Од него се добива добра пластика. Сите предмети кои ги користиме од пластика денес би можеле да се прават од канабис. Растението има целулоза околу 77% и е одличен извор на енергија. Хенри Форд во 1941 година користел канабис во производството на автомобил. Денес се возиме во автомобили кои ‘рѓосуваат, а канабисот не ‘рѓосува. Автомобилот изработен од челик тежи околу 1.300 кг, а автомобилот со иста големина изработен од канабис би тежел околу 900 кг. Фармацевтската индустрија го користела канабисот како лек од 19-от век. Староперсиска книга напишала околу 700 години пред Христос го наведува растението како најлековито дотогаш познато. Индискиот канабис бил најлековито растение во светот. Дализабраната е за да се контролира ова благородно растение и за да се богати фармацевстката индустрија, односно супер богатите фамилии кои како и се друго, сакаат и тука да имаат целосна контрола.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.