Знаете ли кои се најчестите митови за нега на косата? Фризерка ги разоткрива и советува како правилно да се грижите за неа!

МИТ: РЕГЕНЕРАТОРОТ СЕ СТАВА САМО НА ВРВОВИТЕ
Најважно е добро да ја измиете косата, темелно и двапати за да биде беспрекорно чиста (во некои ситуации може да биде и три пати). Регенераторот дефинитивно треба да го нанесуваме бидејќи го затвора процесот на миење на косата, кој е неопходен за косата да биде сјајна, заштитена и хидрирана. Се нанесува по должината на косата и се избегнува само темето, освен ако не е сува и дехидрирана, па темелно се исплакнува. Многу е важно внимателно да се избере регенератор, бидејќи ако не е добро избран, може да создаде контра-ефект и да бидеме незадоволни од резултатот.
МИТ: МАСКА ПРЕД ШАМПОНИРАЊЕ
Мора по миењето на косата да се нанесуваат маски и регенератори. Тие имаат улога да навлезат длабоко во кутикулата на косата, спроведувајќи го процесот на апсорпција на добри витамини од маската што сте ја избрале, а тоа има смисла само кога косата е чиста, влажна и отворена. Нема смисла да ставате маска на валкана коса полна со себум и други загадувачи, бидејќи нема да ѝ помогне, само ќе биде потешко да се мие. За дополнителна нега, а и за сува коса, се препорачува соодветно масло за коса, кое се користи во мали количини и може да се користи секој ден.
МИТ: ПРВОТО ШАМПОНИРАЊЕ ВЕДНАШ СЕ ПЛАКНЕ
Првото миење на косата е исто толку важно како и второто. Кога ја миете косата за прв пат, скалпот и должината мора да се измијат темелно, со кружни движења за да се подигне и измие целиот себум акумулиран на скалпот. Без разлика што шампонот нема добро или воопшто да се пени, мора да продолжиме да го миеме бидејќи е многу важно при второто шампонирање косата да ги апсорбира сите витамини и хранливи материи од шампонот. Немојте да се залажувате дека ако косата не се пени затоа што не е добро измиена, тогаш добро се отстранува слојот од нечистотија. При првото шампонирање не треба да ставате дополнителна количина на шампон бидејќи на тој начин го фрламе.

Пронајдете не на следниве мрежи: