Знаете ли кој е најјужниот град на планетата? Го нарекуваат крајот на светот

Ушуаја во Аргентина, град со население од 82.615 жители и локација под 54-та паралела јужна географска ширина, претендира да биде најјужен град во светот.
Босанскиот авантурист Роберт Дачешин на својот Јутјуб канал неодамна ги сподели своите впечатоци за време на посетата на градот Ушуаја, кој, иако не е најјужното населено место во светот, е најјужниот град.
„Сместен на самиот крај на Јужна Америка, веднаш над Антарктикот. Град во кој се наоѓаат најјужниот супермаркет, најјужното училиште, поштата и многу повеќе. Место со неверојатна и целосно изолирана природа“, рече Дачешин на почетокот од видеото.
Најлесниот начин да стигнете до Ушуаја е од Буенос Аирес или од Ел Калафате.
Бил населен во 1870-тите од салезиски мисионери, а првите жители на овие области биле Индијанците Она и Јахган.

Самиот град е основан во 1884 година и првично се користел како населба и затвор. Во тоа време, аргентинската влада го користела затворот во овој град за сместување на најопасните криминалци, обично доделувајќи им да градат патишта или други инфраструктурни проекти.
Интересно е што мештаните со кои разговарал Дачешин немаат никакви поплаки за местото во кое живеат – тие наведуваат дека тоа е „различна земја“ во споредба со остатокот од Аргентина, бидејќи имаат повисоки плати и се ослободени од одредени даноци во споредба со остатокот од земјата, а особено ја нагласуваат безбедноста на местото.

Пронајдете не на следниве мрежи: