Во светот сѐ попопуларен е т.н. еднодневен или 24-часовен пост. Знаете ли всушност што се случува со телото доколку не јадете цел ден?
Во текот на првите осум часа вашето тело ќе продолжи да ја вари вашата последно внесена храна. Вашето тело ќе ја користи складираната гликоза како енергија и ќе продолжи да функционира со надеж дека наскоро ќе јадете нешто.
По осум часа без јадење, вашето тело ќе почне да ги користи складираните масти за енергија. Потоа телото ќе продолжи да го прави тоа и во останатиот дел од вашиот 24-часовен пост.
Постот којшто трае подолго од 24 часа може да доведе до тоа вашето тело да почне да ги претвора складираните протеини во енергија.
Како што пренесува „Healthline“ во текот на тој период дозволено е консумирање само некалориски неутрален напиток, додека по 24 часа лицето слободно може да се врати на вообичаената исхрана.
Редовните повремени постови можат да помогнат во подобрување на начинот на којшто вашето тело го разредува холестеролот. Оваа промена во вашиот метаболизам може да помогне во намалување на ризикот од развој на состојби како дијабетес и кардиоваскуларни болести.
Може да помогне во намалување на ризикот од болести на коронарните артерии. Редовното 24-часовно постење може да помогне во намалување на Н-оксидот на подолг временски период. Високото ниво на ова соединение се поврзува со болести на коронарните артерии, така што ова може да помогне во намалување на ризиците од истите.
Повремениот пост исто така може да ги намали воспаленијата, да го намали ризикот од одредени карциноми, да го намали ризикот од невролошки состојби како што е Паркинсоновата болест.
Постојат ли нуспојави или ризици од ова?
Честото гладување по 24 часа може да доведе до нуспојава и зголемување на ризикот од одредени компликации.
Секогаш разговарајте со својот доктор пред да започнете да го правите постот за да го намалите ризикот од непредвидени здравствени последици. Ова особено важи доколку имате основни здравствени проблеми.
Исто така не треба да постите доколку имате нарушувања во исхраната, доколку имате дијабетес тип 1, доколку сте бремени или доите или доколку сте помлади од 18 години, но и доколку закрепнувате од операција.
Постот повеќе од два пати седмично може да го зголеми ризикот од срцева аритмија или хипогликемија.