Зошто децата до четиригодишна возраст не треба да јадат пуканки?

Пуканките се омилена ужинка за децата и возрасните, а нивната крцкава текстура и можноста да им се додадат различни вкусови ги прават совршен избор за скоро секоја пригода.
Иако оваа закуска може да изгледа безопасно, па дури и здрава, може да биде опасна за деца под 4-годишна возраст.
Иако многу родители се свесни за опасностите од задушување со работи како што се батерии или мали играчки, вообичаените опасности поврзани со храната сѐ уште се непознати за многу мајки и татковци. Во 2019 година, USA Today ja сподели приказната на мајка на три деца, чиј двегодишен син заврши во болница откако јадел пуканки.


Момчето кашлало и имало висока температура. По прегледот, лекарите откриле дека момчето вдишало парче пуканка во белите дробови, што предизвикало воспаление. Лекарите му извадија парче пуканка од белите дробови, а приказната имаше позитивен крај. Сепак, мајката на момчето сакаше другите родители да научат колку опасни може да бидат пуканките, па затоа го опиша нивното искуство на социјалните мрежи.
Исто така, според експертите, децата под четиригодишна возраст имаат поголем ризик од задушување. Дури на четиригодишна возраст децата можат целосно и правилно да ја соџвакаат храната што ја јадат. Ова се случува затоа што катниците им избиваат на оваа возраст и нивните вештини за џвакање се доволно добри за да ја разградат храната на помали парчиња пред да ја голтнат.
Покрај тоа, на помалите деца многу лесно им се одвлекува вниманието од работите што се случуваат околу нив, што исто така го зголемува ризикот од задушување. Затоа секогаш треба да им се помага кога јадат. Одење, трчање, смеење или зборување додека јадат, како и пребрзо јадење, исто така може да доведе до задушување, пренесува Bright Side.
За жал, пуканките не се единствената храна што претставува опасност од задушување кај децата. Според педијатрите, покрај пуканки, на малите деца не треба да им давате:
бонбони
јаткасти плодови и семки
сирови моркови
јаболка
цело грозје
путер од кикирики
гуми за џвакање..

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.