Зошто е важен витаминот К за вашиот организам?

Покрај витаминот А, Ц и Е и нивните предности во врска со нега на кожата, косата и ноктите, научниците сега тврдат дека на оваа група треба да се додаде и витаминот К.
Витаминот К има многу придобивки за вашето здравје, пишува Elle.com.
Научниците велат дека луѓето ги користат производите кои содржат витамин Ц, Д, Е. Меѓутоа, се проценува дека 99 од 100 луѓе имаат недостаток од витаминот К.
Сè поголем број на докази укажуваат на тоа дека витаминот К има голема улога за имунолошкиот систем, така што овој витамин треба да биде дел од вашата секојдневна исхрана.


Витаминот К е дел од групата на витамини кои порано ги користеле за исцелување на раните. Главните компонентни на витаминот К се К1 и К2 кои се корисни за многу работи.
К1 се состои во вашата омилена зелена салата, најмногу во спанаќот, а потоа и во житарките. К2 се содржи во путерот и во жолчките. Главната функција на витаминот К е активирање на протеинот во телото кој е важен за заштита на срцето и коските.
Вашето тело ќе го „испрати“ витаминот К1 во црниот дроб бидејќи тој е орган кој апсорбира витамините кои ги внесувате во телото. Витаминот К2 го намалува ризикот од кршење на коските.
Производите богати со витаминот К помагааат во процесот на заздравување на вашата кожа. Витаминот К го намалува воспалението и црвенилото. Ја штити и хидратира кожата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.