Зошто е важна прегратката после расправија?

Знаеме дека прегратките прават чуда, а нивната моќ е толку силна, што доколку ја практикуваме после расправија со блиска личност, ќе се чувствуваме подобро.
Тоа го кажува студијата спроведена на Универзитетот „Karnegi Melon“. Научниците во текот на две седмици, набљудувале 400 луѓе, и мажи и жени, кои секојдневно биле интервјуирани за расправиите, за тоа како ги решавале и како се чувствувале после нив.


Се покажало дека оние кои се прегрнуваат со блиска личност после расправија, имаат помали шанси да ги задржат негативните чувства со часови или денови.
Исто така, нивното општо расположение другиот ден било подобро. Научниците допрва треба да истражуваат за кого и во која ситуација прегратката има најголема корист.
Стресот од расправијата може да резултира со анксиозност, осаменост, депресија, а доколку тоа се повтори, последиците се уште поизразени. Прегратката, од друга страна, го зголемува нивото на сигурност, ја зајакнува блискоста и го зголемува задоволството во врската, бидејќи има смирувачки ефект.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.