Јајцата се полни со хранливи материи, особено жолтката. Има многу начини на кои може да ги искористите јајцата: да направите кајгана, омлет, варени јајца, јајца на око, салата од јајца.
Без разлика дали ги јадете со сол, вегета или бибер, најдобро е да јадете варени јајца бидејќи ќе добиете здрав и вкусен оброк бидејќи јајцата содржат холин.
Некои истражувања сугерираат дека луѓето не консумираат доволно храна која содржи холин и покрај тоа што е важен нутритиент. Холинот има бројни позитивни работи за телото, од синтеза на ДНК до создавање на ацетихолин кој е неопходен за енергија, помнење, контрола на мускулите и други функции на нервниот систем.
Холинот исто така помага во отстранување на штетниот холестерол во телото бидејќи го разградува холестеролот во црниот дроб.
Едно големо варено јајце содржи 147 мг холин. На мажите им се потребни околу 402 мг холин дневно, а на жените 278 мг.
Освен холин, варените јајца се одличен извор на протеини и витамини како што се А, Д, Е, К и витамин Б.