Богати се со витамин Ц, го штитат имунитетот за време на сезоната на настинки, ни помагаат да одржиме вита линија и се многу вкусни. Секако, зборуваме за мандарините и зошто е добро да ги јадете секој ден.
1. Мандарини за вита линија
Како идеална храна за зајакнување на имунитетот и вита линија, се препорачуваат мандарините, кои по состав се слични на портокалите: богати се со витамини Ц и А, фолна киселина и калиум, а имаат и витамини од групата Б, како и калциум, магнезиум, цинк, бакар и железо.
2. Го намалуваат лошиот холестерол
Истражувањата покажаа дека кожата на мандарината содржи хранливи материи кои ефикасно го намалуваат „лошиот холестерол“, објавено е во списанието „Дијабетес“.
3. Спречуваат прекумерна дебелина
Научниците од Универзитетот во Западен Онтарио откриле дека хранливите материи скриени во мандарините спречуваат појава на прекумерна дебелина, нудат заштита од дијабетес тип 2. Ова се болести кои се одговорни за појава на срцеви удари, но и мозочни удари.
4. Идеални за подготовка на оброци
Мандарината е храна што можете да ја користите во разни јадења, особено во свежи овошни салати. Можете да користите сок од мандарина во подготовка на јадења со тестенини, како и при подготовка на колачи. Можете исто така да користите сок од мандарина во подготовка на јадења со пилешко или риба
5. Добри се за кожата
Од мандарини можете да направите и маска за лице за поздрава и посјајна кожа. Земете 4 парчиња мандарина, извадете ги семките и измешајте во блендер со лажица јогурт и лажица мед. Нанесете ја маската на лицето и вратот и оставете да делува 10 до 20 минути. Измијте го лицето добро, а маската можете да ја користите двапати неделно ако имате мрсна кожа или еднаш неделно ако имате сува и нормална кожа.
6. Го подобруваат расположението
Верувале или не, мандарините можат да ви го подобрат расположението. Мирисот на мандарина помага за ублажување на сиптомите на стрес, депресија и анксиозност. Ако имате лош ден и сакате да се чувствувате порелаксирано, излупете си мандарини!
Бонус совет: Потешките мандарини се подобри
Кога купувате мандарини, изберете ги потешките бидејќи тие содржат повеќе вода и сок. За да избегнете губење на вредни хранливи материи, чувајте ги мандарините подалеку од директна светлина. Купувајте количини што ќе ги изедете во рок од седум дена по купувањето.