Прочитајте ги објаснувањата, каква логика имаат истите и како можат да го подобрат вашето здравје:
Намалување на напнатоста на мускулите во ’рбетот
Кога има мека перница помеѓу нозете за време на спиењето, мускулите во долниот дел на ’рбетот се практично без никаква напнатост, а тоа овозможува истите целосно да се одморат за време на спиењето.
Ослободување од грчевите
Кога сте цел ден на нозе, во вечерните часови чувствувате грчеви во нозете и долниот дел на грбот. Ставањето перница помеѓу нозете ќе ги истегне нозете и долниот дел на грбот, а со тоа ќе се олеснат грчевите.
Стабилна позиција за време на спиењето
Со перницата помеѓу нозе за време на спиењето, ќе го намалите тркалањето на едната и другата страна од креветот и вашиот сон ќе биде поудобен, а вие ќе бидете поодморени.
Подобрена циркулација на крвта
Бидејќи перницата не им дозволува нозете да се допираат и притискаат една врз друга, ќе имате добра циркулација на крвта помеѓу горниот дел од телото и нозете во текот на целата ноќ.
Подобрен сон за трудниците
Голема перница помеѓу нозете на бремените жени во последните фази од бременоста ги поддржува долните стомачни мускули и на тој начин го олеснува стресот.
Подобра терморегулација
Во топлиот период од годината, при спиење нозете се допираат една со друга, создавајќи непотребна размена на топлина и непријатност. Перница со покривка од природна ткаенина ќе ви го реши овој проблем.
Болни колена
Доколку ве болат колената, тогаш перницата помеѓу нозете е решение за вас. Перницата ќе дејствува како заштита и нема да дозволи колената да се допираат едно со друго.
Се надеваме дека овие причини беа доволни за да ве убедат да почнете да спиете со перница помеѓу нозете и со тоа да ги заштитите нозете и ’рбетот.