Зошто е толку посебна? – Пица во „Детроит“ стил

Оваа пица е главно позната по нејзината оригинална форма на квадрат. Не станува збор за правоаголната тава за печење што сигурно ја имате во вашите кујни, станува збор за индустриски квадратни плочи со сина боја, кои првично биле користени од автомеханичарите за редење на авто-делови. Подоцна, овие тави за печење станале алатка и на пица-мајсторите.
Зошто е толку посебна? Пица во „Детроит“ стил.
Поради особеноста на садот за печење, оваа оригинална пица има крцкаво тесто. Тестото е направено на класичен начин, како за леб и е богато со влага, што резултира во деликатна, крцкава коричка. Ова е пица на која кашкавалот се распространува сè до рабовите на тавата за печење, така што тој формира фина, кафеава, вкусна коричка.
Потребни состојки:
За тестото:
300 г брашно
5 г сув квасец
9 г сол
220 г вода
1 лажица маслиново масло


За сосот:
2 лажици (30мл) маслиново масло
3 средни чешниња лук, сечкан
2 лажички (5 г) сушено оригано
800 г пире од домати
1 лажичка кромид во прав
1 лажица шеќер
сол по вкус
За пицата:
340 г рендан кашкавал
лути пиперчиња по вкус
Начин на подготовка на тестото:
Во голем сад ставете ги брашното, квасецот и солта. Измешајте ги да се соединат, а потоа додајте вода и промешајте со дрвена лажица додека не се формира груба топка тесто. Оставете го тестото да нарасне 10 минути. Ставете го тестото на работната површина и месете околу 10 минути додека не се формира мазна, свиленкаста топка. Ставете го тестото во сад, покријте го со пластична фолија и ставете го на топло место додека не го удвои волуменот, околу 2 часа.
Ставете неколку лажици маслиново масло во дното од алуминиумската тава (тава за „Детроит“ пица). Поделете го тестото на половина ако ја печете во плех за торти.
Пренесете го тестото во тавата, напрскана со масло. Распоредете го тестото со прстите и раширете го кон рабовите. Ако не е можно тоа да стигне до рабовите, раширете го колку што може, без да го искинете.
Потоа покријте го со пластична фолија и оставете го да нарасне уште еднаш, околу 30 минути. Повторно раширете го, овојпат тоа треба да достигне до рабовите на тавата. Оставете го да отстои додека го подготвувате сосот.
Начин на подготовка на сосот:
Наместете ја решетката од рерната на најниска позиција и загрејте ја рерната на 290 °С.
Загрејте 2 супени лажици (30 мл) маслиново масло во сад, на средна температура. Додајте исечкан лук, оригано и бибер и мешајте додека не ја сменат бојата, околу 30 секунди.
Потоа додајте ги доматите, лукот, кромидот во прав и шеќерот. Продолжете да го варите сосот на тивок оган додека не се намали за половина, околу 30 минути. Зачинете со сол по вкус.
Формирање на пицата:
Притиснете го тестото со прстите за да ги отстраните големите воздушни меури.
Намачкајте го рамномерно со сос преку површината на и додајте лути пиперчиња (по желба).
Ставете кашкавал, распространете го рамномерно по должината и рабовите на тавата.
Ставете ја пицата во рерна и печете додека рабовите не станат темни и додека не се појават меури од кашкавалот кој треба да се запече (од 12 до 15 минути).
Користејќи метална шпатула, поминете по рабовите на садот за печење за да ја одделите пицата.
Внимателно пренесете ја на даската за сечење. Исечете ја на парчиња со посакуваната големина и сервирајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.