Зошто козметичките производи НИКАКО не смееме да ги чуваме во бањата

Иако повеќето од нашите козметички производи, без разлика дали се препарати или декоративни, ги чуваме во бањата, ова не е најдобро место за такво нешто.
Дематологот Кимберли Хјум вели дека бањата е место каде производите ќе ги изгубат сите свои својства, а по некое време ќе станат неупотребливи.
– Бањата е едно од најлошите места за чување производи како хидратантни креми и серуми, бидејќи таму може целосно да се наруши нивниот состав – изјави Хјум и додаде дека сигурно е дека рокот на траење ќе им се намали за половина.


Причината, вели тој, се нестабилните формули на производи и состојки кои често се многу чувствителни на температурните промени кои се случуваат секогаш кога се тушираме; и кои можат да ги оштетат активните состојки клучни за постигнување резултати во секојдневната рутина за нега на кожата.
– Кога се тушираме, бањата ни е значително загреана. Така е и кога работат машините за перење или сушење, што е многу лошо за производите за нега на кожа. Брзото загревање и ладење може суштински да ја промени текстурата на производот и да го направи воден, што на крајот го разблажува неговиот ефект – објасни дерматологот.
За да бидете сигурни дека ќе го извлечете максимумот од производите за нега на кожата, чувајте ги надвор од бањата, на место каде што температурата е постабилна, што ќе спречи предвремено да се потрошат.
Уверете се дека таквото место е ладно и темно; производите не треба да бидат изложени на сончева светлина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.