ЗОШТО МАСКАТА ОД ЛЕНЕНО СЕМЕ Е СПАС ЗА КОЖАТА: Испробајте го рецептот кој ја прави кожата мека, мазна и затегната

Убавата и негувана кожа без брчки бара добра нега, но не мора секогаш да трошите цело богатство на скапи производи.
Домашните маски се одличен начин да ја нахраните кожата и да постигнете блескав тен, а овој пат ќе зборуваме малку повеќе за „природниот ботокс“, моќната состојка која веќе ја имате во кујната, а веруваме дека не сте ни знаеле неговите придобивки кога се работи за нега на лице.
Станува збор за ленено семе кое со своите лековити својства придонесува за подобрување на состојбата на вашето поткожно ткиво и подмладува особено на чувствителните делови на лицето – околу очите, каде што кожата е најтенка и склона кон брчки.
Доволно е да го практикувате овој третман само две недели за да ги видите првите промени.
Потребно е:
– Лажица ленено семе
– Вода
Подготовка:
Во сад ставете една лажица ленено семе и прелијте ја со третина од чаша врела вода, промешајте неколку минути и потоа покријте со салфетка и оставете да отстои цел ден. Исцедете ја смесата. Користете ја гелираната водена маса во која стоело лененото семе.
Апликација:
Нанесете на исчистено лице и врат. Не мора да се грижите за избегнување на пределот околу очите, слободно нанесете го растворот и таму.
Кога маската ќе се исуши, нанесете повторно. Повторете ја оваа постапка пет пати. Потоа исплакнете и нанесете ја соодветната крема.
Ефектите на маската од ленено семе се многубројни:
– Ја тонизира и затегнува кожата
– Ги намалува широките пори
– Ја хидрира кожата
– Служи и како пилинг за кожа
– Го намалува вишокот на себум на мрсната кожа
– Помага во спречување на создавање акни и ги отстранува мозолчињата
– Го забавува стареењето
Иако не можеме да очекуваме дека оваа маска ќе ни ги реши сите проблеми со кожата, сосема е сигурно дека ќе и ја врати еластичноста на кожата и ќе помогне на патот кон блескав тен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.