Сите знаеме колку е важен витаминот Ц за нашиот организам. Сепак, утрото не е баш најдобар период за внесување на овој витамин во човечкиот организам.
Кога ќе испиете сок од портокал или кој било друг сок, шеќерот од него го подига нивото на серотонин (хормон на среќата), што на кратко ве прави среќни. Но, поради дејството на инсулин кој се активира во текот на внесувањето на сокот, набргу ќе дојде до пад на шеќерот и нивото на енергија.
Тоа е причината зошто внесувањето овошен сок наутро и не е баш најдобар избор.
Првото што го внесувате во организмот наутро влијае директно на вашите невротрансмитери и на тоа како вашиот мозок ќе функционира. Затоа, важно е со појадокот да внесете житарки и јаткасти плодови, а како пијалак, најдобар избор е водата.