Зошто наутро се будите нервозни и како да го спречите тоа?

Физичките и менталните симптоми на анксиозност можат да се појават одеднаш. Така, се будите наутро со чувство на вознемиреност, што е сосема нормално, особено доколку се справувате со тежок период.

Сепак, доколку тоа ви се случува постојано, а не во одредени периоди, можеби се справувате со генерализирано анксиозно растројство. Во продолжение прочитајте повеќе за оваа појава.
Зошто наутро се будите нервозни и како да го спречите тоа?

Зошто се будите нервозни?
Кортизолот (стресот на хормонот) се зголемува во првите 30, 45 минути откако ќе се разбудите. Според истражувачите, зголемувањето на нивото на кортизол му помага на вашиот мозок да се подготви за сите активности кои ве очекуваат во текот на денот. Но, стресот и анксиозноста, можат да предизвикаат зголемено лачење на кортизол.

Како тоа влијае врз физичкото здравје?
Анксиозноста и нарушувањето на сонот се вообичаени симптоми на многу здравствени состојби, како на пример:

повреди и хронична болка
срцеви заболувања и висок крвен притисок
рак
дијабетес
псоријаза
хормонски промени
менопауза
Како тоа влијае врз менталното здравје?

Зошто наутро се будите нервозни и како да го спречите тоа?

Генерализираното анксиозно растројство може да доведе и до лош сон, но и будење со мисли на вознемиреност. Покрај тоа, може да предизвика и депресија и биполарно растројство. Доколку забележите зголемена анксиозност или проблеми со спиењето, задолжително консултирајте се со вашиот лекар или терапевт.
Како да се справите со чувствата на анксиозност наутро?
1.Поставете си сопствен распоред за спиење и обидете се да се придржувате до него. Спијте во тивка, ладна и темна соба.
2.Ограничете го кафето и алкохолот пред заспивање.
3.Вежбањето може да ви помогне полесно да се справите со анксиозноста. Преку вежбањето се ослободуваат ендорфини кои го намалуваат стресот и ви помагаат да се чувствувате подобро.
4.Опуштете се. Медитирајте, водете дневник и обидете се да се опуштите пред да заспиете. Тоа може да придонесе умот да ви биде полн со позитивни мисли кога ќе се разбудите.
5.Дишете. За да ја намалите анксиозноста наутро, направете ги едноставните вежби за дишење. Тие не само што ќе ве смират туку и целосно ќе ве опуштат.
6.Дозволете си 5-10 минути да размислувате за грижите, а потоа „запечатете“ ги овие мисли настрана без да се навраќате на нив.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.