Зошто најмногу се дебелееме на стомакот?

Дали некогаш сте се запрашале зошто сè што јадете ви се лепи на стомакот? Прочитајте ги следниве неколку причини зошто тоа се случува и на што да внимавате во иднина.

Зошто најмногу се дебелееме на стомакот?

Брашно
„Пивскиот стомак“ најчесто не е последица само на пивото, туку на сите житарки. Луѓето кои имаат тенденција да јадат многу производи од брашно, кои пак содржат висок гликемиски индекс, се склони кон дебелеење токму на стомакот. Тоа е така, бидејќи денешните житарки, дури и интегралните, се хибриди кои содржат дури и до 10 пати повеќе глутен, за разлика од житарките пред 50 години.

Стрес
Стресот во голема мера влијае врз хормоните. Жлездата која лачи кортизол е истата која го содава адреналинот. Кортизолот е последица на хроничен стрес, може да се акумулира, правејќи хормонална нерамнотежа и да придонесе за собирање на салото околу стомакот.

Жените кои имаат неурамнотежен естроген, премногу или премалку, исто така можат да страдаат од таложење на масти околу стомакот. Кај машките, неурамнотежениот тестостерон е штетен за нивната добра линија. Стресот и тоа како влијае врз овие хормони.

Утеха во храната
Ако стресните ситуации ги ублажувате тешејќи се со храна која е полна со рафиниран шеќер, едноставни јаглехидрати и лоши масти, тогаш очекувајте дека ќе ви се зголеми стомакот. Обидете се да најдете поинаков начин за ослободување од стресот. Најдобар начин за тоа е спортувањето.

Несоница
Квалитетниот сон е многу важен чекор за рамен стомак. Пожелно е да спиете непрекинато по 8 часа дневно. Доколку спиете немирно или тешко ви е да спиете, пијте кафе само наутро. Пробајте да се опуштите пред спиење со малку музика или добро филмче и погрижете се во собата да биде потполен мрак и да не биде претопло.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.