Зошто најтешко се симнува салото околу стомакот?

Повеќе килограми, односно маснотии наталожени на половината е нешто што не ги одбегнува дури ни слабите луѓе. Стомакот е всушност најспецифичниот дел од телото кога е во прашање слабеењето, но зошто е најтешко да се ослободиме токму од ваквиот вишок?
Според новите истражувања овие четири причини го даваат одговорот .

Недостаток на калциум во исхраната

Наталожувањето на мастите околу стомакот се должи и на недоволен внес на калциум во вашата исхрана. Според неколку нови истражувања, млечните производи содржат еден вид хормон кој ја намалува потребатата на вашето тело за складирање на масти. Ако не внесувате доволно калциум преку млечни производи, тогаш не го добивате ни хормонот што му треба на организмот во борба против масните наслаги. Затоа балансирајте го внесот на калциум добиен од млекото, јогуртот, сирењето и слично.

Газирани пијалаци

Газираните пијалаци се најголеми непријатели во борбата против ослободување од вишокот на масти. Без разлика дали пиете дури и газирана вода, газирани сокови без шеќер, диетални газирани пијалаци, сите тие со текот на времето ќе ви додадат неколку сантиметри повеќе на вашата половина, иако не содржат калории. Комплетно откажете се од газираните пијалаци и заменете ги со поздрави алтернативи. Вода со цеден лимон, на пример, е одличен начин во борбата против наталожените масти.

Работно место зависно од седење

Поголемиот дел од денот го поминуваме на работното место. Според истражувањата, оние на кои работното место им е поврзано со седење имаат тенденција за повеќе сантиметри околу половината, отколку оние чие работно место е со стоење или движење. Истото истражување тврди дека и луѓето со повеќе работни часови во денот на работното место се подебели од оние кои работат со скратено работно време. Затоа, обидете во текот на денот малку и да вежбате, се разбира кога можете. Можеби одлично решение е да одите на работното место со велосипед или пеш.

Недостаток на спиење

Познато е дека спиењето е важно за да го одржиме нашето тело во рамнотежа и сите наши органи да работат на најдобар начин. Кога немаме доволно сон, поголема е веројатноста да го нарушиме природното движење на нашиот внатрешен систем, што ги зголемува ризиците од зголемување на телесната тежина. Според истражувањето, оние кои имаат нередовен сон, односно кои спијат помалку од шест часа во текот на едно деноноќие, се повеќе склони на таложење на масни наслаги отколку оние со редовен и „здрав“ осумчасовен сон.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.