четврток, 12 ноември 2026
Најново

Зошто на некои луѓе им причинува задоволство стискањето мозолчиња на другите? Психотерапевт открива: Ова е пораката која тие ви ја испраќаат

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Повеќето луѓе кои доколку имаат мозолче на лицето, тоа е причина нивниот ден да е уништен – особено ако имаат некој важен настан. Стискањето на мозолчиња во ниту еден случај не се препорачува, бидејќи може да ја оштети кожата, да доведе до инфекција и трајни лузни.

Но, некои луѓе едноставно не можат да одолеат. Има и такви кои обожаваат и на другите да им ги стискаат овие „здодевни напасти“ на кожата.

Дали е тоа само чисто задоволство или, пак, нешто друго се крие зад тоа – открил Мет Труб, детски и семеен психотерапевт.
Најчесто тоа било забележано кај паровите и како што вели, тоа денес не е воопшто нешто невообичаено.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„За многумина, стискањето на мозолчиња причинува задоволство. Не само што го ослободува физичкиот притисок, туку има и пријатен ментален ефект на ослободување на допамин“, раскажал тој.
Меѓутоа, не секогаш станува збор за тоа како би се чувствувале подобро. Психолошки, постојат многу причини зошто некој ги стиска мозолчињата на блиската личност. На некој начин, тоа е знак на љубов и грижа.

„Колку и да звучи „одвратно“ за некого, сепак тоа е показател за одредена блискост, поврзаност и наклонетост меѓу вас и вашиот партнер“, кажал психотерапевтот и додал дека за некого мозолчињата може да претставуваат несовршеност и непријатност.
„Тоа некако кореспондира со изнаоѓањето на решенија. Во одреден поглед, тоа е начин да го „подобрите“ изгледот на вашиот партнер“, додал психотерапевтот во својот заклучок.

Поврзани вести