Зошто некои деца не сакаат да јадат брокула?

Кога на децата ќе им понудите зеленчук како брокула најчесто одбиваат да јадат. Науката сега има објаснување зошто постои одбивност, виновни за тоа се специфични ензими во плунката кои можат да доведат до тоа овој зеленчук да има непријатен вкус.
Ензимите во усната шуплина произведуваат различни видови бактерии кои живеат во устата на децата и тие би можеле да бидат одговорни за аверзијата кон споменатиот зеленчук. Ензимите на кои делува овој зеленчук реагираат со бактериите во устата и со нив формираат прилично непријатен мирис и вкус, тврдат експерти.
И возрасните ги имаат овие ензими во устата, но реакцијата најчесто не е иста. Тоа што е утврдено е дека нивото на овие ензими кај возрасните може да варира.
Автор на студијата е д-р Демијан Френк и неговите колеги од The Commonwealth Scientific and Industrial Research во Камбера. Во истражувањето Френк тврди дека сигурно постои разлика во вкусот што го чувствуваа децата од оној што го чувствуваат возрасните, пишува Live Science.
Децата преферираат слатки вкусови, а горчливите им се прилично одбојни. Пожелно е да се насочуваат децата да пробуваат нови вкусови и со текот на времето да ги засакаат овие здрави намирници, но резултатите од ваквите студии помагаат подобро да ги разбереме и одбивањето на одредена храна да не го припишуваме исклучиво на нивната непослушност или разгаленост.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.