Зошто некои луѓе возат само луксузни автомобили?

Според податоците од последното истражување, постои причина зашто некои луѓе преферираат да возат само луксузни автомобили.
До тој заклучок дојде Јан Ерик Лонквист, професор по психологија на Универзитетот во Хелсинки. Идејата за оваа студија ја доби така што го набљудувал антисоцијалното однесување на некои луѓе во сообраќајот.
Како што дознава тој, „фраерите“ коишто сакаат да се докажуваат со материјални предмети, се помеѓу првите кога се купуваат скапоцени автомобили.
„Забележав дека на црвено светло на семафорот не застануваат возачите на брзите и луксузни автомобили. Исто така, тие не застануваат ниту на пешачки премин, а општо гледано, прават многу грешки во сообраќајот“.


Неговиот тим од научници испитуваа скоро 1.900 возачи, и ги испрашува за тоа какви автомобили им одговараат најмногу, за нивниот материјален статус, до нивните карактерни особини и други карактеристики.
Според оваа студија, мажите коишто се егоисти, тврдоглави, бесчувствителни, расположени за расправање и тешки за договор се оние коишто секогаш купуваат брзи и скапи автомобили.
„Овие карактерни особини ја објаснуваат потребата за поседување на скапоцени работи, но исто така укажуваат и на причините поради кои овие поединци се склони да ги кршат правилата во сообраќајот“, вели Лонквист.
Значи, според заклучокот од анкетата, луѓето коишто имаат проблеми со комуникација и меѓучовечки односи имаат потреба да купуваат луксузни и брзи и „бесни“ автомобили.
„Станува збор за луѓе коишто себеси се сметаат исклучително моќни и влијателни, па имаат потреба да го покажат тоа и на другите луѓе“, смета тимот на Лонквист.
Врската помеѓу антисоцијалното однесување и љубовта кон луксузните автомобили е својствена за мажите, но не и за жените.
„Поради недостатокот на самодоверба, луѓето коишто возат скапи автомобили, сакаат да остават впечаток дека и самите се такви“, смета Лонквист.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.