Зошто не боли глава кога пиеме црвено вино? Научниците дадоа објаснување

Научниците од Центарот за главоболка на Универзитетот во Калифорнија во Сан Франциско веруваат дека ја пронашле причината за главоболката предизвикана од консумирањето црвено вино, пишува Гардијан.


Американските истражувачи објавија дека главоболката е предизвикана од фенолни флавоноиди, соединенија кои се наоѓаат во семките и кората на грозјето кои му даваат боја и вкус на црвеното вино.

Нивоата на флавоноиди може да бидат за 10 проценти повисоки во црвените вина отколку во белите вина, открива истражувањето. Кога се пие вино, алкохолот се метаболизира во два чекори – првиот е промената на алкохолот во форма на етанол во ацеталдехид, додека вториот го претвора ацеталдехидот во ацетат.

Еден од истражувачите, професорот Ендрју Вотерхаус, спроведе лабораториски истражувања на неколку соединенија на црвено вино. Фланавол кверцетинот, кој се наоѓа исклучиво во црвеното вино, се претвора во различни материи во телото. Еден од нив, кверцетин глукуронид (гликозидно соединение на глукуронска киселина) ги блокира ензимите кои го претвораат ацеталдехидот во ацетат, што предизвикува токсичниот ацеталдехид да се акумулира во телото и да предизвика главоболки, гадење и потење.

Научниците се надеваат дека наскоро ќе можат да ја тестираат теоријата во клиничка студија фокусирана на тоа како црвените вина со различни нивоа на кверцетин влијаат на појавата на главоболки или кај почувствителните поединци, мигрената. Сончевите зраци, веруваат истражувачите, го зголемуваат нивото на кверцетин во грозјето, а плодовите што растат изложени на сонце имаат пет пати повисоки нивоа на супстанција во споредба со другите грозје.

– Би можело многу да им помогне на луѓето кои консумираат црвено вино да можат да изберат вино што не предизвикува главоболки. Исто така, нашето истражување може да биде корисно за винарите кога го намалуваат кверцетинот во нивното грозје – изјави Морис Левин, директор на центарот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.