Зошто не ги паметите соновите?

Ако ви се случи наутро да се разбудите и да не се сеќавате што сте сонувале, можеби би требало да почнете да пиете витамин B6, објаснува докторот Денолм Аспај од Универзитетот Аделејд.

Во истражувањето учествувале 100 возрасни лица, чиј просек на години бил 27,5 години. Испитаниците биле поделени во три групи – една група секоја вечер пред спиење земала суплементи кои содржат 240 милиграми од овој витамин, втората добивала суплементи комплекс витамин B, а третата плацебо.

Учесниците добиле задача во наредните пет дена да ги забележуваат своите сонови, колку сонувале и на што точно се сеќаваат. Лицата кои биле во првата грипа успеале да се сетат на содржината на соновите подобро од останатите испитаници.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.