Иако, според експертите, нашата личност се формира уште во најраното детство, малкумина имаат сеќавања од тој период од животот.
Како што растеме, ги забораваме луѓето, настаните и местата со кои сме се сретнале во детството, а причината за ова е феноменот наречен „детска амнезија“.
Тоа е неможноста на возрасните да се присетат на детали или цели настани што им се случиле пред да наполнат четири години, а една теорија вели дека детската амнезија се јавува поради фактот дека не зборуваме во првите години од животот. Спомените најчесто ги формулираме со зборови и како такви и ги запамтуваме. Така, бидејќи мало дете не зборува значајно до втората година од животот, не е во состојба да создаде вистинско сеќавање.
Сепак, некои истражувања исто така тврдат дека дел од причината за амнезијата лежи во развојот на нашиот мозок, кој, иако е зафатен со создавање нови клетки, не складира долгорочни спомени, па сè уште ја нема таканаречената „епизодна меморија“.Ова е причината зошто често имаме живописни спомени од раното детство, на пример, од паркот во кој често одевме, но не се сеќаваме на многу детали.
Нашите родители исто така влијаат на начинот на кој се сеќаваме на одредени настани.
Најновите истражувања на оваа тема покажаа дека децата поинаку се сеќаваат на истиот настан откако разговарале за тоа со своите родители, па затоа треба да им се помага сами да зачуваат што повеќе спомени и правилно да ги толкуваат за себе.