Зошто не треба да останувате предолго на едно работно место?

Сите веруваме дека истото работно место значи стабилност и сигурност, но и тоа си има свои недостатоци и маани.
И додека за работодавачите не е добар знак ако ги менувате работите пречесто, сепак од друга страна ретко вработуваат човек со искуство во само една фирма, на едно работно место, иако не значи дека секогаш и секаде е така.
Факт е дека секој си има право да си одлучи за својата кариера и својот развој, но кога останувате на едно работно место предолго…

– CV-то ви е сиромашно и „отпорно“ на новите трендови и способности кои се бараат (со чест на исклучоци на оние кои се активни на сите страни).
– Имате ограничен број на професионални контакти, мрежата не ви се проширува доволно.
– Немате пракса во барање на работа и не сте опуштени при работните интервјуа.
– Вашата кариера стагнира. Престанувате да се прашувате што друго би можеле да работите, што би било подобро и поинтересно за вас. Престанувате да ги истражувате вашите таленти и заглавувате во комфор зона.
– Почнувате личноста и карактерот да си ги идентификувате преку работата и работното место. Тешко ја одвојувате приватноста од кариерата.
– Станувате задоволни со она што го имате постигнато, иако знаете дека можете подобро и уште повеќе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.