Честа навика во нашата држава е да се пие чаша ракија пред ручек дома или во ресторан, но оваа навика нема да ви го отвори апетитот ниту ќе го подобри вкусот на храната.
Напротив, може само да го поквари вкусот на храната, како и варењето.
Наместо ракија, подобро е да пиете ликер, пелинковец или јегер односно пијалаци со горчлив вкус. Слатките пијалаци оставете ги за крај, пред десерт.
Според легендите, пијалаците со горчлив вкус му помагаат на дигестивниот систем и затоа ги пиеле уште во древна Грција, кога Хипократ им препорачувал да пијат горко вино пред оброк. Истиот обичај е забележан и кај Татарите и Египќаните.
Аперитивот станал популарен дури кон крајот на 18 век, а особено во Италија. Станале популарни пијалаците како вермут, мартини, негрони и белини.
Дигестивите се пијат пред крај на јадењето за да се подобри циркулацијата и да се подобри варењето. Французите најчесто пијат коњак или бренди, Италијанците ракија од грозје, Германците ликер, а во Шпанија и Португалија вино.