Зошто одеднаш исчезнува љубовта кон партнерот?

На почетокот на врската двете страни сакаат нивната романса да трае вечно, но често се случува, пламенот на љубовта одеднаш да исчезне.
Обратете внимание на десетте најчести причини зошто луѓето престануваат некого да сакаат.
1.Земате се здраво за готово. Љубовта не е безусловна иако така не учеа, и партнерите често поради ова паѓаат во својата стапица. Премногу се опуштаат и стануваат мрзоволни едни со други, а ова е сигурен начин на непријателство и непочитување. Тоа е вистински начин на исчезнување на љубовта.
2. “Исчезна” комуникацијата. Добра комуникација гради односи, недостатокот ги искривува. Ако престанавте да комуницирате, конфликтите на желбите и потребите ќе останат некажани. И тогаш љубовта умира.
3. Неисполнети очекувања. Како врската напредува, партнерите помалку внимание обрнуваат на меѓусебните потребите .
4. Сознавање на новости. За некој може да биде многу непријатно, ако дознае дека нивниот партнер крие нешто, ги измамил или се однесува поинаку од што навистина е, што трајно може да ја наруши врската.
5. Излив на љубомора. Ако не му верувате на партнерот со кој сте во врска, постои чувство на љубомора. Кога љубомората станува опсесивна, исчезнуваат основите на интимна и здрава врска.
6. Врска на “нездрави нозе.” Врската започната како афера или онаа која пребрзо се развива, многу е веројатно дека нема да ги преживее проблемите во иднина.
7. Некомпатибилност меѓу партнерите. Вредностите, приоритетите и плановите за во иднина можат да бидат различни, и кога едниот партнер ќе добие вистинската слика за другата страна која можеби не му одговори целосно, огнот може брзо да згасне.
8. Исцрпеност. Страста се смири, а врската стана мачење и товар за двајцата. Ова е сигурен знак дека врската нема да трае долго.
9. Голема промена. Пресвртите во животот кои влијаат на партнерите не мора нужно да бидат камен на сопнување, но, ако партнерите не успеваат заедно да “сраснат”, ги решаваат проблемите така што се прилагодуваат на нив, а тоа лесно може да ги скрши.
10. Никаков знак на љубов. Многу парови започнуваат врска совладана од страст, но сепак, тоа не е љубов. Кога сè се смирува, сепак останува чувството на празнина и незадоволство.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.На почетокот на врската двете страни сакаат нивната романса да трае вечно, но често се случува, пламенот на љубовта од

Пронајдете не на следниве мрежи: