Зошто првиот секс се памети цел живот?

Дали сте ја изгубиле невиноста со долгогодишниот дечко или со странец, од љубов или само за забава, сега сигурно мислите дека е неважно, но психолозите тврдат дека токму тоа го обликувало целиот ваш сексуален живот.

Студијата која неодамна била објавена во списанието за секс и брачна терапија, говори дека задоволството кое се почувствувало за време на губењето на невиноста е креатор на понатамошниот сексуален живот. За вашата немоќ да доживеете оргазам повеќе не треба да го обвинувате партнерот, бидејќи според оваа студија причината за ова е сокриена во начинот на кој сте ја изгубиле невиноста.

Дали за време на ова искуство сте биле згрчени или релаксирани, дали сте воделе љубов во најдлабока темнина или на задното седиште во автомобил? Одговорот на ова прашање го крие и одговорот на прашањата за вашата сегашна среќа или незадоволство во креветот.

Исто така оваа студија покажала дека луѓето кои изгледаат подобро, кои се надарени внимателно го планираат првото сексуално искуство.

Сексуалниот живот изгледа како еден вид хороскоп, во кој првата и најважната графа му е посветена на првото сексуално искуство, па следните ги пополнувате вие со впуштањето во вртоглави сексуални односи или со креирањето на една стабилна љубовна врска. Овој хороскоп има само три категории и тоа:

Прагматичен живот
Оние кои сметаат дека начинот на кој ја загубиле невиноста е магичен веројатно ќе имаат поквалитетен љубовен живот, ќе се чувствуваат посамоуверено и постојано ќе бидат расположени за нови сексуални искуства. Тие често делуваат како сурфери кои смело пливаат во сексуалните води.

Стигматизиран живот
Овие луѓе само итале да ја загубат невиноста, не обрнувајќи внимание со кого и каде, па затоа во текот на животот безбројните сексуални авантури ќе им донесат само куп незадоволство, самотија и фрустрации. Овие луѓе мислат дека сексот е купување на „мачка во вреќа“.

Сокриен живот
Луѓето кои се многу романтични, невиноста ја чуваат како специјален подарок за посебен витез, па затоа во животот најчесто остануваат со партнерот кој го добил овој подарок, плашејќи се од секакво експериментирање во сексот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.