Зошто се појавуваат дупки на облеката?

Дали забележувате мали дупчиња на вашата облека по нејзиното перење во машината за алишта? Постојат повеќе причини за оваа појава, а во продолжение прочитајте кои се најчестите.
Спречете го појавувањето на дупки на облеката
Машината за перење
Пред сѐ, причината може да се крие во машината за перење алишта, но не и без вас како човечки фактор. Доколку ставате премногу алишта во машината, таа освен што нема добро да ги испере алиштата, може и да ги оштети. Кога има премногу алишта, некои делови се заглавуваат помеѓу гумата и вратата, што предизвикува оштетување на заглавената облека. Центрифугата не може да ја „преживеат“ дури ни најцврстите материјали.


Облека со лош квалитет
Навикнати сме да купуваме парчиња облека кои ни се допаѓаат без да размислиме за квалитетот на ткаенината, а на неквалитетните материјали не им треба многу за да се оштетат.
Погрешен режим на работа
На поновите машини за перење има различни програми за различни ткаенини, па кои се шансите дека ќе згрешите? Се чини дека сепак може да се згреши. Ткаенината може да се оштети и доколку се згрешат температурата, времетраењето на циклусот, брзината на центрифугата итн. Прочитајте ја етикетата на облеката пред да ја ставите во машината за да дознаете како безбедно да ја исперете.
Скриен предмет
Во машината можеби има заглавен предмет кој го предизвикува оштетувањето на облеката. Проверете добро дали ова е причината.
Лош детергент
Лошиот детергент директно не предизвикува оштетување на облеката, но од него може да се оштетат влакната на материјалот и со време да се појават дупки. Исто така, природните влакна како волната и свилата мора да се перат со посебен детергент.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.